startle - онтологија

вомјази повеќе

вомјазат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно изненади, запрепасти некого.
Албански: befasoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Моето влегување го вомјази неканетиот гостин.
(се вомјази) Силно се изненади, се вчудовиди, се запрепасти.
Албански: befasoj
Примери:
Кога ја виде, се вомјази и страшно се исплаши.

вчудовиди повеќе

(се) вчудовидат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вчудовиди) се запрепасти, се зачуди
Албански: habitem, çuditem
Примери:
Сите во селото се вчудовидоа кога слушнаа за тоа.

вџаси повеќе

(се) вџасат
Вид збор: Глагол, свршен
Се запрепасти од нешто.
Албански: habitem, çuditem
Примери:
Претрпна, се вџаси и рипна од столот.

вџаши повеќе

Види и: вџаси (св.)
(се) вџашат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) вџаси
Примери:
Тој се вџаши од неочекуваното прашање.

запрепасти повеќе

запрепастат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика големо изненадување, чудење кај некого.
Албански: shtangem, habitem
Примери:
Неговиот глас нѐ запрепасти.
(се запрепасти) се изненади
Албански: befasoj
Примери:
Кога го виде таков, се запрепасти.

порази повеќе

поразат
Вид збор: Глагол, свршен
вчудовиди, запрепасти
Албански: ngadhnjej, befasoj
Примери:
Свеста за она што се случи толку го порази, та дури усети трпки по целата снага.

фрапира повеќе

фрапираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави силен впечаток.
Француски: frapper